Дома Фудбал Англија Навивачите во Англија бесни: Тврдат дека ждребот се мести во корист на Јунајтед

Навивачите во Англија бесни: Тврдат дека ждребот се мести во корист на Јунајтед

Maнчестер Јунајтед ќе биде домаќин на Њукасл во осминафиналето од Лига Купот, тоа беше одлучено со ждреб.

Англиските медиуми по ова ја нагласуваат чудесната низа на Јунајтед со домашните натпревари во куп натпреварување. Имено, ако се исклучат фазите и натпреварувањата во кои мора да се игра и на гости и дома, Јунајтед има неверојатна низа од 12 натпревари кои со ждреб се погодиле да ги игра на домашен терен.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Последен пат Јунајтед гостуваше кај Лестер во 2021 година, навивачите на другите клубови се разочарани и бесни, тврдат дека таква низа е невозможна.

„Никој не може да ме убеди дела Лига Купот не е наместен секоја година“, „Секако дека Јунајтед повторно игра дома. Наместено“, „Зошто Јунајтед мора секогаш да биде дома, а другите патуваат? Почнувам да мислам дека ждребот е наместен“, се само дел од коментарите кои во најголем дел се во ваква насока.

„Дејли Мејл“ исто така пресмета дека шансите да имате ваква низа е 1:4095.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Јунајтед се брза: „Ѓаволите“ нудат големо богатство за Мбеумо

Англискиот фудбалски клуб Манчестер Јунајтед испратил трета понуда за напаѓачот на Брентфо…