Дома Останати Кошарка Наваро стана нов генерален директор на Барселона

Наваро стана нов генерален директор на Барселона

Поранешниот шпански репрезентативец Хуан Карлос Наваро ќе биде новиот генерален директор на кошаркарскиот клуб Барселона.

Наваро на функцијата генерален директор доаѓа на местото на 51 годишниот Родригез кој во Барселона беше од март 2017 година. Неговиот договор имаше важност уште една година, но предвреме го раскина.

Како играч Наваро помина цели 20 сезони, два пати ја освои Евролигата, осум пати првенството на Шпанија, седум пати Купот на Шпанија и пет пати Суперкупот на Шпанија.

И кошаркарските фанатици во Македонија сигурно добро го паметат Наваро кој токму против нас на за нас историскиот турнир во Литванија одигра фантастичен натпревар и го наполни нашиот кош.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Кошакарите „заробени“ во Израел: Пуштете не да си одиме дома, кошарката сега е најмала грижа!

Странските кошаркари се најдоја во проблеми откако ексалираше ситуацијата помеѓу Израел и …