Играчот на Ливерпул, Наби Кеита кариерата би можел да ја продолжи во Бундеслигата.
Како што пренесува Билд, овој 28-годишен играч од средниот ред е на излезните врати во Ливерпул и на лето ќе си замине како слободен агент.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Откако стана јасно дека нема да го продолжи договорот со Ливерпул започна битката за неговиот потпис, а најсилен интерес покажуваат Лајпциг и Борусија Дортмунд.
Кеита својата афирмација ја доживеа во тимот на Лајпциг, од каде во 2018. година го продаде на Ливерпул за 60 милиони евра.
Naby Keita wanted by Borussia Dortmund and RB Leipzig on free transfer this summer as deal runs out https://t.co/HKFC6DbVmd
— The Sun Football ⚽ (@TheSunFootball) March 1, 2023