Босанскиот напаѓач Един Џеко веќе беше виден како нов играч на Јувентус, но на крајот место него во Торино заврши Алваро Мората.
Иако Џеко имаше се договорено со Јувентус, а се постигна и договор помеѓу Јувентус и Рома трансферот на Џеко пропадна. „Волчицата“ имаше проблеми да го комплетира трансферот на Милик, па Јувентус се сврте кон Мората.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, италијанските медиуми тврдат дека Џеко нема да остане во Рома и сигурно ќе го напушти „Олимпико“ до крајот на преодниот рок.
Сега во пол позиција за неговиот потпис е Атлетико Мадрид, кој го продаде Мората, но има потешкотии да го реализира трансферот на Луис Суарез.
„Јорганџиите“ веќе стапиле во контакт со агентот на Босанецот и се очекува брзо двете страни да стигнат до договор.
A esta hora Luis Suárez tiene complicado ser nuevo jugador del @Atleti. Si el Barça no cumple lo pactado con el uruguayo, el acuerdo con el Atlético no se llevará a cabo. El Atlético empieza a estudiar alternativas: Cavani, Dzeko, Luis Suárez (Watford) y podría haber un tapado…
— Javier Matallanas (@matallanas) September 22, 2020