Дома Фудбал Италија Мурињо ја доби казната за беснеењето на судијата

Мурињо ја доби казната за беснеењето на судијата

Жозе Мурињо доби два натпревари суспензија и парична казна од 10.000 евра поради испадот во натпреварот против Кремонезе.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Рома во вчерашниот дуел со Кремонезе беше поразена со 2:1 и тоа беше прва победа за овој тим во првенството сезонава. Мурињо беше исклучен на почетокот на второто полувреме по расправија со четвртиот судија.

Португалецот беше исклучително бесен на Марко Сера (четвртиот судија). По нивната расправија главниот судија го испрати Португалецот на трибините.

Мурињо по натпреварот тврдеше дека бил жестоко навреден како никогаш претходно на еден натпревар, но не откри што точно му кажал Сера. Најави Жозе и судска постапка, но секако суспензијата ќе мора да ја испочитува, секако и паричната казна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Арсенал на чекор до титулата

Арсенал направи и предпоследниот чекор кон шампионската титула во Премиер лигата, која му …