Двата големи ривали се спремни да соработуваат на трансфер пазарот.
Дербиот на северен Лондон може да стане уште поинтиерсно доколку се остварат најавите на англиските медиуми. Имено, Мурињо би можел да тргне по еден играч на Арсенал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Дејли Мејл“ пренесува дека Тотенхем наскоро ќе испрати понуда за Мејтланд-Најлс. Детето на „топџиите“ собра 20 настапи оваа сезона во ПЛ беше редовен и во Лигата на Европа и во ФА упот. Мурињо сака десен бек за замена на Серж Орие.
Поранешниот играч на ПСЖ неколку пати скапо ги чинеше „петлите“. Орие е познат како играч со одлични физички карактеристики, но и како играч од кого можете да го очекувате неочекуваното не во баш најдобра смисла.
Тотенхем смета дека понуда од 20 милиони фунти ќе биде доволна да го доведе 22 годишниот англиски фудбалер.