Манчестер Јунајтед е сериозно заинтересиран за дефанзивецот на Лестер и англиски репрезентативец, Хари Мекгвајер, пренесуваат медиумите на Островот.
Мекгвајер одлигра одлична сезона во дресот на „лисиците“, а особено воодушеви со своите партии на Мундијалот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Клубот од „Олд Трафорд“ е спремен да плати 50 милиони фунти за неговиот потпис и во наредните денови ќе испрати понуда до Лестер.
Дефанзивецот пристигна во Лестер пред само една година за 17 милиони фунти од Хал. Тој се избори за стартното место на Мундијалот и ги истисна од тимот двајцата стопери на Јунајтед, Фил Џонс и Смолинг.
Жозе Мурињо го поставил како приоритет неговото привлекување на „Олд Трафорд“, па „црвените ѓаволи“ веќе работат на трансферот.
Доколку не успеат да ги убедат „лисиците“ да го пуштат Мекгвајер, во тој случај Манчестер Јунајтед ќе се насочи кон дефанзивецот на Тотенхем, Тоби Алдервајлед.