Португалецот размислува за репрезентативецот на Шпанија.
Жозе Мурињо е спремен ова лето да доведе квалитетен бек на местото на Матео Дармијан кој би требало да замине. Прв на листата желби е фудбалерот на Барселона Жорди Алба.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Солидниот лев бек веќе цели пет сезони е член на каталонскиот клуб, пристигна од Валенсија. Со текот на времето Алба прерасна во еден од најдобрите на својата позиција и сигурно дека секој тренер би го посакал во екипата.
Португалецот заедно со неговите соработници во Алба гледаат идеален човек за покрај левата аут линија. Сепак, Ернесто Валверде неоадмна изрази желба Алба да остане во тимот, но со добра понуда можеби ќе ги натераат Каталонците да размислуваат.