Дома Трансфер зона Мурињо со 50 милиони се враќа по старата желба – ќе биде ли тој првото летно засилување за „ѓаволите“?

Мурињо со 50 милиони се враќа по старата желба – ќе биде ли тој првото летно засилување за „ѓаволите“?

Jунајтед изгледа дека се одлучи, Мурињо избра универзалец.

Англиските медиуми тврдат дека Мурињо го избрал првото засилување за наредната сезона. Во прашање е фудбалерот на Монако, Фабињо, а тоа веројатно значи и заминување на Матео Дармијан.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Овој Бразилец може да игра како десен бек, но и во средината како последен играч за врска, го сакаше и минатата година кога интерес покажуваше и ПСЖ, но на крајот Монако се одлучи да го задржи.

Фабињо веќе еднаш соработуваше со Мурињо и тоа во далечната 2012 година кога пристигна од Португалија како тинејџер во редовите на вториот тим на Реал Мадрид.

Мурињо кој тогаш беше на излезни врати од Мадрид му даде шанса да дебитира и тоа во натпреварот против Малага во мај 2013 година. Тогаш му асистираше на Ди Марија за неговиот шести погодок за „кралевите“.

Португалецот не долго потоа се врати во Челси, а Фабињо беше испратен на позајмица во Монако. Две години подоцна клубот од Кнежеството го откупи неговиот договор.

Според информациите од Франција Јунајтед за овој трансфер е спремен да издвои сума од 50 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…