Жозе Мурињо откри какви се плановите на Рома во зимскиот преоден рок, но во таа ситуација испрати и провокација до Манчестер Сити кој редовно троши милионски суми.
Пред натпреварот против Шериф во Лигата на Европа, Жозе Мурињо беше запрашан дали Рома ќе се засилува. Португалецот не криеше дека посакува три-четири нови имиња, но знае дека нема да биде лесно.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Би сакал да дојдат три-четири нови имиња, но воопшто нема да биде лесно. Искрено, ќе бидам среќен ако доведеме дефанзивец.
Клубот ќе се адаптира и ќе чека шанса, не сум љубоморен, но Манчестер Сити потроши 80 милиони евра за Калвин Филипс, а сега ќе пушти за „џабе“ и скапо ќе плати нов фудбалер“, изјави Мурињо.