Дома Фудбал Италија Мурињо се огласи и објасни зошто ја избрал Рома

Мурињо се огласи и објасни зошто ја избрал Рома

Денес како бомба одекна веста дека Жозе Мурињо од наредната сезона ќе биде нов тренер на Рома.

Веста за доаѓањето на Мурињо во Рим наредната сезона ја потврди и „волчицата“ на својот официјален сајт. Во јавноста се огласи и Португалецот и објасни зошто ја прифатил понудата од Рома.

„Уште по првиот состанок со управата сфатив дека Рома има големи амбиции. Заеднички ќе работиме за да создадеме победнички проект. Една од причините поради кои доаѓам тука е страста на навивачите на овој. Со нетрпение чекам да почне новата сезона“, изјави Мурињо.

За Мурињо ова ќе биде втор италијански тим после Интер со кој успеа да освои тројна круна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Тухел го носи Боатенг во Челзи

Искусниот германски дефанзивец Жером Боатенг ова лето најверојано ќе се пресели во Премиер…