Дома Фудбал Репрезентации Мурињо: Роналдо беше заљубен во Бензема, а тоа многу кажува

Мурињо: Роналдо беше заљубен во Бензема, а тоа многу кажува

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо смета дека Франција би можела далеку да стигне на Европското првенство поради присуството на Карим Бензема во екипата.

Одличниот напаѓач на Реал Мадрид после шест години се врати во националниот тим, а Мурињо смета дека Дешамп направил одлична работа со тоа што го повикал.

Жозе истакна дека Карим дефинитивно е еден од најдобрите напаѓачи во светот и дека додека играле во Реал Мадрид, Кристиано бил заљубен во него.

„Најдобриот комплимтен кој може да се даде за Бензема е дека Роналдо беше заљубен во него во Реал Мадрид. Заљубеноста во друг напаѓач од страна на Кристиано значи многу. Карим веројатно е единствената „деветка“ во светот на фудбалот која не е себична. Неговата визија на играта е неверојатно, ужива играјќи со голема слобода. Нешто слично има и Хари Кејн“, изјави Мурињо.

Французите на Евро 2020 се сметени во група со Германија, Унгарија и Португалија. Првенството Французите го отвараат против Германија на 15. Јуни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Фудбалерите го одработија првиот тренинг во Амстердам 📸

Maкедонската фудбалска репрезентација ја чека натпреварот од последното коло во групата на…