Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо потврди дека сака да ги задржи во тимот на подолго време Лук Шо, Хуан Мата и Андер Ерера на кои договорот им истекува на крајот на сезоната.
„Специјалниот“ откри дека клубот наскоро ќе им понуди нови договори на споменатите фудбалери, притоа е убеден дека тие ќе прифатат да останат на „Олд Трафорд“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Се надевам дека тие ќе останат во клубот. Развивањето на Лук Шо не тера да веруваме дека тој се движи во вистински правец. Сакам да го задржам во тимот. Имавме слична ситуација минатото лето со Фелаини. Јас секогаш велев дека ќе остане, сега го тврдам истото и за останатите“, истакна Мурињо.
„И покрај фактот што немаат голема минутажа Ерера и Мата се уникатни од гледна точка на карактерите, така што јас инсистирам да останат во мојот тим“, додаде Португалецот.
Ешли Јанг е четвртиот играч кој што ќе добие нов договор, тоа беше потврдено пред неколку дена.