Антоан Гризман веројатно нема да се пресели на „Олд Трафорд“, но Португалецот има “план Б“.
Симеоне останува во Атлетико, па Гризман како и што сам најави нема намера да заминува. Доколку Мурињо го победи Ајакс и ја освои ЛЕ, сите сили ќе ги насочи кон доведување на напаѓачот на Евертон, Ромелу Лукаку.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Се очекува Мино Раиола да го убеди играчот да се пресели во Манчестер, иако самиот играч истакна дека би сакал трансфер во Челзи.
И додека Куман тврди дека Лукаку останува, неговиот клуб ја одреди цената, 120 милиони евра за Белгиецот. Се шпекулира дека Мурињо е спремен да ја плати таа сума, бидејќи друго решение нема. Ибрахимовиќ е минато, Руни веројатно заминува, Белоти е проценет како преспека, па Јунејтед е принуден да ги исполни барањата на „Карамелите“.
Но, Лукаку треба да се убеди, тука Мурињо смета на Мино Раиола кој ги доведе Погба и Микхтаријан минатата сезона.
Како и да е, Лукаку скоро сигурно заминува од Евертон, а без разлика дали ќе биде тоа Челзи или Јунајтед, многу веројатно дека светскиот рекорд ќе биде срушен.