Дома Фудбал Англија Мурињо: Англија може да го освои Светското првенство

Мурињо: Англија може да го освои Светското првенство

Менаџерот на Манчестер Јунајтед имаше само пофални зборови за квалитетот на англиската репрезентација.

„Специјалниот“ смета дека селекторот Герет Саутгејт има потенцијал да го освои Светското првенство во Русија следната година. Мурињо смета дека во составот на Гордиот Албион има одличен микс помеѓу млади и искусни фудбалери.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Мислам дека Англија има шанси да го освои Светското првенство бидејќи располага со одлични фудбалери. Тимот располага со играчи кои имаат различен квалитет но и различна возраст. Фудбалерите имаат големо искуство и на клупско ниво, бидејќи повеќето од нив играат во ЛШ. Англија има огромен потенцијал да направи нешто големо“.

„Не верувам дека до почетокот на Светското првенство ќе има некое големо изненадување. Во Јужна Америка има неколку важни тима, а во Европа се три или четири“, заклучи Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челси може да направи спектакуларна размена со Реал Мадрид

Енцо Фернандез (25) повторно е во центарот на вниманието како можен нов играч на Реал Мадр…