Познато е дека Монако работи фантастично кога се трансферите во прашање и во последните неколку години инкасираше огромна сума од продажба на своите „бисери“.
Сега изгледа на ред дојде младиот Белгиец, Јури Тилеманс, кој во Монако пристигна минатата година за 25 милиони евра.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Тилеманс го привлече вниманието со своите настапи во Андерлех, но Монако тогаш ја победи конкуренцијата и го доведе во своите редови.
21-годошниот играч за врска во „кнежевството“ само го потврди својот потенцијал, па сега е на радарот на Јувентус, кој сака да го доведе во своите редови уште во јануари.
Монако за својот „бисер“ сигурно ќе сака голема сума на пари и е спремен да се откаже од Тилеманс само доколку „бјанконерите“ испратат богата понуда.