Италијанскиот шампион Јувентус е во пол-позиција да доведе 17 годишен „вундеркид“ од Франција.
„Старата дама“ продолжува со доброто скаутирање на младите играчи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Последен млад фудбалер кој го привлече вниманието на клубот од Торино е Рајан Алт-Нури, младата ѕвезда на француски Анжер.
17 годишниот фудбалер игра на позицијата лев бек и за кратко време успеа да го привлече вниманието на неколку европски клубови.
Постојат информации дека претставници на Јувентус веќе стапиле во контакт со менаџерот на Анжер, Стефано Мулинео со цел да ја провери ситуацијата за потенцијалниот трансфер.
Покрај „старата дама“ интерес за овој фудбалер покажаа уште француски Монако и германски Шалке со тоа што клубот од Кнежеството и испрати конкретна понуда во висина од осум милиони евра.