Остануваат уште доста месеци до крајот на годината и до доделувањето на „Златната топка“, но по традиција ова време веќе се кристализираат фаворитите за оваа престижна награда.
Крајот на клупската сезона и натпреварите со националните тимови даваат јасна слика за тоа кои се фаворити за освојување на „Златната топка“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Садио Мане е меѓу неочекуваните кандидати за овој индивидуален трофеј после одличната сезона со Ливерпул и фантастичните игри со Сенегал на Купот на африкански нации.
Алжирецот оваа сезона постигна 26 гола на 50 меча за „црвените“, ја освои Лигата на шампиони, во Премиер лигата беше на еден бод до титулата, а со репрезентацијата стигна до финалето на Купот на африкански нации.
Мане може да ставе само вториот Африканец кој ја освоил „Златната топка“ после Жорж Веа, а главни ривали во трката ќе му бидат неговите соиграчи Ван Дајк и Мохамед Салах.