Дома Трансфер зона Модриќ уште во јануари може да го напушти Реал, позната и цената?

Модриќ уште во јануари може да го напушти Реал, позната и цената?

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ минатата година беше избран за најдобар фудбалер во светот, но потоа следуваше пад во неговата игра.

Модриќ минатата сезона не блескаше, а така продолжи да игра и оваа година. Веќе на големо се шпекулра дека Модриќ ќе го напушти „Бернабеу“ и дека тоа може да се случи уште во јануари.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал ќе се обиде да го продаде Модриќ уште на почетокот на 2020 година, а интерес за неговите услуги покажаа Интер или Милан.

Модриќ во досегашниот дел од сезоната во Ла Лига одигра пет натпревари и може да се забележи дека средниот ред на Реал изгледа подобро без него.

Договорот на хрватскиот фудбалер со Реал истекува летото 2021 година, но тешко дека ќе го одработи до крајот. Шпанските медиуми најавуваат дека Реал може да го продаде уште во јануари за сума од околу 20 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Бомба“: Реал размислува да го врати Каземиро

Реал Мадрид би можел да направи прилично изненадувачки потег на трансфер пазарот и да го в…