Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ вчера ја прекина доминацијата на Меси и Роналдо и официјално стана најдобар фудбалер на светот.
Модриќ ова лето беше главна тема и на трансфер пазарот, па долго се шпекулираше за негов евентуален трансфер во Интер.
Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
Меѓутоа, најдобриот фудбалер на светот стави точка и јасно потврди дека сака кариерата да ја заврши во Реал Мадрид.
„Никогаш не се гледав во друг клуб освен Реал Мадрид. Би сакал тука да ја завршам кариерата, но ќе видиме што ќе донесе иднината бидејќи Реал е клуб на највисоко ниво. Треба да се оди чекор по чекор, година по година“, изјави Модриќ.
Модриќ има важечки договор со Реал Мадрид од 2020 година, но шпанските медиуми тврдат дека наскоро ќе стави потпис на нов договор.