Дома Топ вести Модриќ – Интер: Наскоро следи клучен состанок со Перез

Модриќ – Интер: Наскоро следи клучен состанок со Перез

Во текот на вчерашниот ден се појави веста за сензационалниот трансфер на Лука Модриќ во редовите на Интер.
Денес добиваме и новости на оваа тема.

Наводно, Лука преку своите агенти веќе побарал да се обидат да издејствуваат трансфер.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Интер се уште не го комплетирал трансферот на Видал и во клубот според некои информации прво сакаат да проверат колку навистина е достапен Модриќ, а доколку забележат позитивни сигнали од Перез и ќе ја стартуваат операцијата.

Да, Модриќ во овие моменти е во Италија, но во прашање е одмор кој завршува во сабота, а тогаш ќе се сретне со Флорентино Перез со кој ќе разговараат за неговата иднина.

Интер се надева дека фудбалерот може да издејствува трансфер и да започне нов предизвик во кариерата, пренесува експертот за трансфери, Џанлука Ди Марцио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…