Играчот за врска на Интер, Марсело Брозовиќ ја одбил понудата за трансфер во Реал Мадрид, пренесува „Тутоспорт“.
29-годишниот Хрват решил да остане во Интер и да го продолжи договорот со миланскиот гигант.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Мадридскиот клуб преговарал со агентот на Брозовиќ, а и самиот Лука Модриќ дирекно се поврзал со својот сонародник. Капитенот на хрватската репрезентација сакал да го убеди својот сонародник да му се придружи во Мадрид.
Брозовиќ ја одбил понудата на Реал Мадрид и ставил потпис на нов договор со Интер до 2026 година според кој ќе заработува 6 милиони евра по сезона.
Новиот договор официјално ќе биде потврден пред мечот со Фиорентина, потврдија италијанските медиуми.