Три дена откако го претрпевме поразот од Србија, младинската репрезентација на Македонија денес ја победи Црна Гора во вториот подготвителен натпревар пред почетокот на квалификациите за ЕП 2021.
Младинците денес одиграа многу подобро и со резултат од 2:0 славеа победа против врсниците од Црногорците.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Два гола на оваа средба постигна повратникот во селекцијата Емил Абаз. Абаз мрежата на Црна Гора ја погоди во 20-тата минута, за победата ја потврди во 50-тата минута.
Ова секако е важна победа за подигнување на самодовербата пред стартот на кавалификациите.