Бразилецот Родриго во 35. минута го напушти мечот Реал – Гранада поради повреда.
Родриго падна во една борба за топка во близина на голот на Гранада и веднаш со болна гримаса на лицето побара лекарска помош и замена. Тој беше во дуел со Фоулкуер во близна на казнетиот простор, но интезитетот не беше доволен за прекршок.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
За 48 часа се очекува да се знае за каква повреда се работи, но не изгледаше добро.
Зидан веднаш реагираше и на местото лево крило во игра го внесе Марко Асенсио.
Додека му се укажуваше помош Родриго и заплака со рацете на лицето, од теренот беше изнесен на нослики.