Дома Трансфер зона Митровиќ само се сликаше и веднаш може да замине од Ал Хилал?!

Митровиќ само се сликаше и веднаш може да замине од Ал Хилал?!

Клубовите од Саудиска Арабија имаат премногу пари и дефинитивно никој не може да парира ниту приближно на нивните понуди и имаат за цел да ја направат нивната лига една од најдобрите во светот.

Но, од некоја причина се појавуваат и проблеми и тоа многу брзо. Се пишуваше веќе за незадоволнството на Бензема и конфликтот со тренерот Еспирито Санто, потоа Португалецот Жота за кој се најавуваше дека ќе си замине по само еден месец…

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Сега „Талкспорт“ пишува дека и српскиот напаѓач Александар Митровиќ може да не заигра за клубот во кој пристигна пред неколку дена. Имено, раководството на Ал Хилал сака да го доведе Ромелу Лукаку и наводно ако успеат во таквата немара, Митровиќ би станал вишок.

Локалните медиуми веќе пишуваат за интерес за Митровиќ, се споменуваат Ал Шабаб и Ал Етифак кој би ја искористиле ситуацијата да го доведат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…