Дома Фудбал Англија Мистериозен Кинез го купува Манчестер Јунајтед?

Мистериозен Кинез го купува Манчестер Јунајтед?

Англиските медиуми ова утро објавија дека мистериозен кинески богаташ сака да го купи Манчестер Јунајтед.

Неименуван кинески бизнисмен сака да ги купи акциите на Манчестер Јунајтед, иако медиумите во Англија сметаат дека зад сето ова стои владата во Пекинг и дека ова е одлука од највисокиот државен врв.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Точната цифра не се пишува, но Јунајтед е највредниот клуб и Кинезите, доколку навистина одлучат да го купат, ќе мораат да платат неколку милијарди евра, а познато е дека американското семејство Глејзери претходно одбија да го продадат Јунајтед за 2.5 милијарди евра.

Американците имаат 80% од сопственоста на Јунајтед и сакаат да се откажат од делот, а тројца од шестината синови на Глејзерите имаат намера да се откажат од својот удел во клубот, што во целост им одговара на мистериозниот Кинез.

Доколку приказната за продажба на Јунајтед стане вистинита, на „Олд Трафорд“ ќе се појават нови милиони и клубот повторно ќе купува, многу повеќе отколку што тоа го прави денес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Њукасл против Ман Сити за ФА Купот

Дербито во петтото коло од турнирот за Купот на Фудбалската Асоцијација на Англија ќе биде…