Дефанзивецот на Интер, Жоао Миранда би можел да го напушти клубот во зимскиот преоден рок, пренесуваат италијанските медиуми.
Договорот на бразилскиот репрезентативец истекува на лето 2019 година, па тој може да започне преговори со други клубови уште во јануари.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Миранда оваа сезона не е стандарден бидејќи го загуби местото во првиот тим со доаѓањето на Де Вриј, а силен интерес за него покажуваат Севиља и Порто.
Меѓутоа, Интер не сака да се откаже од услугите на 34-годишниот дефанзивец и е спремен да му понуди договор на уште една сезона.
https://youtu.be/egRZjxGUnXU