Дома Фудбал Останато Миралем Пјаниќ одлучи каде ќе игра следната сезона

Миралем Пјаниќ одлучи каде ќе игра следната сезона

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина секој трансфер период е цел на разни шпекулации, а исклучок не е ниту овој пат.

Италијанските медиуми пред неколку недели објавија дека Пјаниќ на крајот од оваа сезона ќе го напушти Јувентус и дека кариерата најверојатно ќе ја продолжи во дресот на францускиот шампион, ПСЖ. Некои медиуми на Апенините го поврзуваат Пјаниќ и со Реал Мадрид што стана стандардно во изминативе неколку години. Сепак, јасно е дека Јувентус тешко ќе може да го продаде играчот кој беше еден од најстандардните и оваа сезона.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Иако Пјаниќ неодамна изјави дека во фудбалот се е можно тешко е да се очекува дека ова лето ќе ја промени средината. „Tuttosport“ објави вчера дека Пјаниќ јасно им кажал на управата на „Старата дама“ дека сака да остане. Јувентус и следната сезона ќе се обиде да ја освои Лигата на Шампионите и Пјаниќ сака да биде дел од таа приказна. Меѓутоа, иако Пјаниќ сака да остане се уште постои можност новиот тренер да не смета на него, а Јуве наскоро треба да го објави името на новиот тренер кој ќе го замени Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Луда драма: Седум репрезентации ќе се борат за три места кои носат директно на СП во последното коло!

Одлучувачко коло во квалификациите носи неверојатна драма. Седум репрезентации се борат за…