Македонската репрезентација на 17-ти ноември и гостува на Италија во рамките на квалификациите за ЕП 2024.
И покрај фактот што овој натпревар нема резултатско значење за Македонија, сепак нашите репрезентативци се мотивирани и спремни повторно да ја изненадат Италија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Секогаш е одлично кога се игра против вакви силни репрезентации, да видиме до каде сме со својот квалитет. Ваквите мечеви доаѓат во прав момент, не чувствуваме никаков притисок. Имаме одлични резултати со Италијанците во последните натпревари и повторно ќе одиме да се надигруваме со нив. Треба да ги чекаме нашите шанси од контри. Нормално е тие да имаат повеќе посед, контрола на топката, но мислам дека можеме да ги изненадиме од нашите контри“, истакна Миовски.