Македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски вчера одигра уште еден одличен натпревар во дресот на Абердин и беше најзаслужен за ремито против фавортитот Селтик.
Миовски беше стрелец за Абердин, а потоа беше прогласен и за играч на натпреварот од „Скај Спортс“.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Чувствував дека можам да му дадам гол на големиот Селтик. Тоа на полувреме им го кажав на соиграчите и среќен сум успеав во тоа. Имавме шанси потоа и за победа, но може да бидеме задоволни со бод од пресметката со најдобриот тим во лигата. Ремито носи огромен мотив секако и за се што не очекува во продолжение во првенството“, изјави Миовски.