После неколку години и отказот кој го доби во Русија, популарниот „Дон“, повторно работи.
Капело ги одбиваше понудите да се врати во клупскиот фудбал, но на крајот попушти, во прашање е огромна сума.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ќе добие 10 милиони евра за година ипол во Џангсу Санинг, тој веќе е во Пекинг каде ќе потпише договор. Со себе ги носи Броки и Замброта, тие ќе бидат во неговиот стручен штаб.
Џангсу не стои добро на табелата во кинеската лига, тие се предпоследни, сега е паузата во кинеското првенство, а целта е да се избори опстанок.
Кинезите покрај Капело за спортски директор го ангажираа Валтер Сабатини.