Дома Фудбал Англија „Милионерите“ сериозно си поигруваат со нервите на Венгер и „Топчиите“

„Милионерите“ сериозно си поигруваат со нервите на Венгер и „Топчиите“

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Пјер Емерик Обамејанг, со „Топчиите“ договори договор на три и пол години и годишна плата од 10 милиони евра, но германскиот тим засега го опструира конечниот договор.

Како што тврди специјалистот за трансфери, италијанскиот новинар, Џанлука Ди Марсио, раководството на Борусија опасно си игра со нервите на менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Пред него поставија необично барање. Подготвени се да прифатат понуда за Обамејанг во вредност од 60 милиони евра, но би сакале да го задржат 28-годишниот напаѓач до крајот на сезоната во своите редови.

Се претпоставува дека во Борусија се одлучиле на ваков потег по коментарот на Венгер за Обамејанг во кој потврди дека договорот со него е блиску.

Габонецот стана член на „Милионерите“ во 2013. година. За Борусија одигра 212 натпревари и постигна 141 погодок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барселона сака да го откупи Рашфорд за 30 милиони евра

Изгледа дека Маркус Рашфорд ги задоволи челниците на Барселона и тренерот Ханси Флик. Пора…