Дома Фудбал Останато „Милионерите“ и се закануваат на Барса: Ќе ве пријавиме на ФИФА!

„Милионерите“ и се закануваат на Барса: Ќе ве пријавиме на ФИФА!

Каталонците мораат да престанат да вршат притисок, во спротивно повторно би можеле да се најдат во проблеми.

Фудбалскиот клуб Борусија Дортмунд е спремен да ја пријави Барселона на ФИФА доколку каталонците продолжат да вршат притисок врз Осман Дембеле.

Бројни медиуми пишуваат дека Дембеле веќе ги договорил личните услови со Барселона, но „милионерите“ упорно тврдат дека тој ќе остане во клубот.

„Дембеле и наредната сезона ќе игра за Борусија Дортмунд. Тој има долгогодишен договор и немаме намера да се откажеме од неговите услуги. Ако Барселона сака да го доведе, мора прво да разговора со нас. Во спротивно доколку тие продолжат да го притискаат Дембеле ќе бидеме приморани целиот случај да го пријавиме на ФИФА“- изјави спортскиот директор на германскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Халанд повикува на единство во Манчестер Сити по пресудата на Премиер лигата

Ерлинг Халанд апелира на единство во Манчестер Сити по пресудата за прекршување на правила…