Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Милер за промашувањето: Момент кој ќе ме прогонува и поради кој ќе не можам да спијам

Милер за промашувањето: Момент кој ќе ме прогонува и поради кој ќе не можам да спијам

miler

Томас Милер беше трагичар за Германија откако оваа селекција вчера беше елиминирана во осминафиналето против Англија.

Милер не успеа да реализира 100% шанса при негатива 1:0. Искусниот фудбалер на Баерн Минхен излезе еден на еден со голманот Пикфорд и тоа беше шанса каква што само може да се посака, но шутираше покрај голот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Има момент кој посебно се памети на крајот, кој те прогонува додека спиеш, за кој работиш, тренираш и живееш како фудбалер. Тоа е моментот кога имаш можност да го вратиш тимот во тесен нокаут натпревар, кога имаш прилика да ја фрлиш нацијата во екстаза. Кога нема да искористиш таква шанса навистина боли. Најмногу жалам за фановите кои беа покрај нас и на овој турнир“, изјави Милер.

Англија на крајот ја победи Германија со 2:0 со головите на Стерлинг и Хари Кејн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…