Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Благоја Милевски го објави списокот на повикани фудбалери за турнирот во Анталија каде што селекцијата ќе одигра три натпревари.
Новата генерација на Милевски ќе игра со Казахстан (24. март), Словачка (27. март) и Бугарија (29. март).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во оваа прилика тој истакна и дека Владан Новески кој имаше настапи за помладите селекции на Македонија сам одлучил во иднина да игра за Србија.
„Во однос на Влада Новевски, наше е да кажеме дека фудбалерот на Војводина уредно беше поканет за нашите натпревари во Анталија, но неговиот родител не извести дека желба на неговиот син е да игра Србија, изјави Милевски.