Дома Фудбал Италија Милан ќе се жали на казната за Игуаин

Милан ќе се жали на казната за Игуаин

Дисциплинската комисија на Серија А денес го казни Гонзало Игуаин со два меча суспензија поради црвениот картон добиен на мечот против Јувентус.

Игуаин доби црвен картон во 83-та минута бидејќи бурно протестираше на одлуката на судијата Мацолени да му покаже жолт картон.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Аргентинецот вербално го нападна судијата и со повисок тон го праша: „Зошто секогаш свириш против мене?“.

Дисциплинската комисија на Серија А денес го казни Игуаин со два меча суспензија, но Милан потврди дека ќе се жали на казната, со надеж дека истата ќе биде намалена на само еден меч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фудбалски фан клубови го повикуваат Меси да ја бојкотира средбата со Ангола

ГРУПА НЕВЛАДИНИ организации побараa од аргентинската фудбалска репрезентација и Лионел Мес…