Италијанските медиуми пренесуваат дека Федерико Бернардески ова лето би можел да го напушти Јувентус, а најсилен интерес за него покажува Милан.
Италијанецот може да го смени клубот на крајот од сезоната, бидејќи во јануари „бјанко-нерите“ го купија 19-годишниот фудбалер на Аталанта, Дејан Кулушевски, кој до крајот на тековниот италијански шампионат ќе продолжи да игра за Парма на позајмица.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бернардески оваа сезона не добива голема минутажа и падна во втор план кај тренерот Сари, па во потрага по поголема минутажа ќе ја промени средината.
Уште во јануари Милан беше заинтересиран за неговиот потпис, но тогаш не дојде до реализација трампата со Лукас Пакета.
„Росонерите“ се во постојан контакт со неговиот агент и ќе се обидат да го донесат ова лето, а цената на трансферот би требало да изнесува околу 35 милиони евра.