Дома Трансфер зона Милан ја сака ѕвездата на Виљареал

Милан ја сака ѕвездата на Виљареал

Милан покажува силен интерес за нигерискиот напаѓач од Виљареал, Самуел Чуквуезе, пренесува „Калчомеркато“.

23-годишниот крилен напаѓач минатата сезона беше хит во Лигата на шампиони, а и оваа сезона игра одлично во дресот на Виљареал.


Дерби до Дерби! Комплетен фудбалски викенд ↓↓↓


Чуквуезе сака да направи чекор напред во кариерата и ова лето да ја промени средината, а неколку европски гиганти се заинтересирани за неговиот потпис.

Милан сака да ја победи конкуренцијата бидејќи е во потрага по десно крило и смета дека Чуквуезе одлично ќе се вклопи во стилот на Пиоли.

Нигериецот оваа сезона има постигнато 13 гола и 11 асистенции, а Виљареал за неговата слобода бара 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Изненадување: Алегри во Премиер лигата?!

Иако на Јувентус не му оди лошо во Серија А сезонава се погласни се шпекулациите дека Маси…