Приоритет на Милан во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ибрахимовиќ ја игра последната сезона, Ориги не ги оправда очекувањата, па на лето Милан сака да донесе нов напаѓач.
Италијанските медиуми откриваат дека прва желба на „росонерите“ ќе биде Џонатан Дејвид од Лил, кој игра уште една одлична сезона.
23-годишниот Канаѓанец оваа сезона има постигнато 21 гола и 4 асистенции, па е мета на многу клубови ширум Европа.
Италијанскиот гигант веќе работи на трансферот, а Лил за неговата слобода бара помеѓу 40 и 50 милиони евра, сума која Милан е спремен да ја плати.