Раководството на Баерн Минхен не планира да го продолжи договорот со Томас Милер на крајот од сезоната, пренесува „Билд“.
Милер има договор до 30 јуни 2024 година и не планира да замине во пензија, па е спремен да слушне понуди.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Германските медиуми пренесуваат дека искусниот фудбалер би можел да потпише краткорочен договор со Милан кој покажува сериозен интерес.
„Росонериете“ се во потрага по искусен фудбал и веруваат дека Милер би бил идеална опција бидејќи може да пристигне без обештетување.
Милер е член на Баерн од 2008 година каде до денес освои 32 трофеи. За првиот тим на клубот од Минхен одиграл 680 натпревари и постигнал 237 голови.
🚨 Il #Milan sta pensando a Thomas #Muller, secondo @cfbayern il tedesco in scadenza di contratto potrebbe partire a 0 nella prossima finestra estiva. pic.twitter.com/dwB9OUNvtr
— Milan Zone (@theMilanZone_) December 5, 2023