Дома Топ вести Милан тргнува по новата француска ѕвезда

Милан тргнува по новата француска ѕвезда

Напаѓачот на Ремс е новата француска ѕвезда која го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Екитике има само 19 години, а оваа сезона блеска во дресот на Ремс и на 19 меча веќе постигна 10 гола и запиша 3 асистенции.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Скаутите на многу европски гиганти ги следат неговите настапи, а експертите му предвидуваат голема кариера.

Екитике е централен напаѓач, но може да игра и како крило, а најсилен интерес за него покажува италијанскиот гигант Милан.

„Росонерите“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент и спремаат понуда за да го донесат на „Сан Сиро“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…