Дома Топ вести Милан тргнува по Ван де Бек

Милан тргнува по Ван де Бек

Италијанскиот гигант Милан е силно заинтересиран за играчот за врска на Манчестер Јунајтед, Дони Ван де Бек.

Во Манчестер Јунајтед Ван Де Бек пристигна минатата година од Ајакс и се очекуваше да биде големо засилување за тимот на Солскјер. Сепак, Холанѓанецот не успеа да се наметне кај Норвежанецот и не добиваше голема минутажа.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Поради ваквата ситуација Ван Де Бек има намера да седне на преговори со раководството на Јунајтед и на тој состанок ќе побара да ја промени средината.

Таквата ситуација сака да ја искористи Милан, кој е во потрага по квалитетен играч за врска.

„Росонерите“ веќе стапиле во контакт со агентот и ќе се обидат да го донесат Холанѓанецот на позајмица со право на откуп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Уште еден голмански кикс во ПМФЛ – не се прослави поранешниот младински репрезентативец! (Видео)

Денешната фудбалска програма во Македонија беше отворена со еден голем кикс на голманот на…