Дома Фудбал Италија Милан спреми нов договор за Чалханоглу

Милан спреми нов договор за Чалханоглу

Иако се претпоставуваше дека Хакан Чалханоглу ќе го напушти Милан, како што стојат работите од тоа нема да има ништо.

Овој турски фудбалер не ги воодушеви навивачите на Милан по доаѓањето од Баер Леверкузен, но оваа сезона игра одлично.

Чалханоглу се промовираше во лидер на средниот ред на Милан и „росонерите“ сакаат да го задржат во тимот.

Италијанските медиуми пренесуваат дека преговорите за продолжување на соработката се веќе започнати.

Милан му нуди договор до 2023 година и зголемување на платата, па се очекува во наредните денови турскиот репрезентативец и официјално да стави потпис на договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул заинтересиран за голманот на Хал Сити, Тзолакис

Ливерпул се интересира за голманот на Хал Сити, Константинос Тзолакис, кој би можел да чин…