
Милан започна преговори со голманот Мајк Мењан за продолжување на договорот, пренесуваат италијанските медиуми.
Мењан е еден од најважните карики во Милан и се етаблираше во еден од најдобрите голмани во Европа.
Дерби на Италија во Серија А и битка за титула во Бундеслига ↓↓↓
27-годишниот голман започа преговори за обновување на договорот со Милан, кој сака да го награди за добрите партии.
Милан му понудил нов договор до 2028 година со зачително зголемување на платата и се очекува Мењан да биде еден од најплатените фудбалери на тимот со плата од 6 милиони евра по сезона.