Дома Топ вести Милан со големи амбиции – го сака најдобриот играч од Премиер лигата

Милан со големи амбиции – го сака најдобриот играч од Премиер лигата

Ријад Марез минтата сезона беше прогласен за најдобар фудбалер во Премиер лигата, па иако имаше понуди од многу европски гиганти, сепак реши да остане во Лестер.

Лестер оваа сезона е далеку од врвот и се чини дека Алжирецот на крајот на сезоната готово сигурно ќе го напушти актуелниот шампион.


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Битката за неговиот потпис веќе започна, а медиумите тврдат дека најголем интерес во моментив покажува италијански Милан, кој со новите сопственици има големи амбиции за следната сезона.

Имено, новиот спортски директор на „росонерите“, Масимилиано Мирабели веќе започнал преговори со неговиот агент, а Милан е спремен да плати 45 милиони евра за да го донесе на „Сан Сиро“.

Готово е невозможно трансферот да се реализира во јануари, но Марез ќе биде една од главните трансфер цели на Милан следното лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Екс-репрезентативецот жестоко удри по Милевски: Селекторе, доста е – не мој да не лажеш!

Поранешниот македонски репрезентативец, Мирко Ивановски жестоко го нападна селекторот Благ…