![](https://sportski.mk/wp-content/uploads/2020/12/туа.jpg)
Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е на добар пат да го обезбеди потписот на ѕвездата на Марсеј.
Станува збор за Флоријан Таувин, кој одби да го продолжи договорот со Марсеј и веќе постигнал договор со „росонерите“.
Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓
За него интерес покажуваа клубови од Премиер лигата како и Наполи и Севиља, но тој веќе постигнал комплетен договор со клубот од „Сан Сиро“.
Со оглед дека неговиот договор завршува на крајот на сезоната, Милан ќе му понуди на францускиот клуб симболична сума.
Во случај Марсеј да ја одбие понудата, Таувин ќе се пресели во Милан како слободен играч следното лето.