Милан е силно заинтересиран за младиот напаѓач на Челзи, Армандо Броја, пренесуваат италијанските медиуми.
„Росонерите“ имаат одлична соработка со Челзи и ова лето ги доведоа Лофтус Чик и Пулишиќ, а сега сакаат уште еден фудбалер на „сините“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Пиоли бара уште еден робусен напаѓач како алтернатива за Жиру, а прв на листата желби е токму Броја.
21-годишниот напаѓач минатата сезона запиша неколку настапи за Челзи, а потоа имаше поврда која го оддалечи од терените неколку месеци.
Милан сака да го доведе на едногодишна позајмица со право на откуп следното лето.