Дома Фудбал Италија Милан ослабен против Бетис!

Милан ослабен против Бетис!

Најголемата ѕвезда на Милан, Гонзало Игуаин ќе го пропушти утрешниот меч на „росонерите“ во Лига Европа против Бетис.

Аргентинскиот напаѓач не успеа да се опорави од повредата со која се здоби на мечот со Удинезе и нема да патува во Шпанија со остатокот од тимот.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Повредата на Игуаин не е сериозна, па италијанските медиуми најавуваат дека напаѓачот најверојатно ќе биде спремен за дербито против Јувентус во недела.

Покрај Игуаин за утрешниот меч Гатузо нема да може да смета уште на Бонавентура, Биглиа и Калдара.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Гвардиола со порака до Халанд: Без контакти со Реал Мадрид до крајот на сезоната!

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, наводно му препорачал на својот напаѓач Ерлинг …