Португалскиот бек Диого Далот минатото лето пристигна во Милан на позајмица од Манчестер Јунајтед.
„Росонерите“ во договорот немаат опција за откуп, па Далот се врати во Манчестер Јунајтед
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан започнал преговори со Манчестер Јунајтед и сака да го врати на „Сан Сиро“ португалскиот репрезентативец.
„Росонерите“ понудиле едногодишна позајмица со право на откуп следното лето за 18 милиони евра. Самиот фудбалер преферира да остане на „Сан Сиро“.
Јунајтед е спремен да го пушти, но сака задолжителен откуп, па двата клуба продолжуваат со преговорите.