Италијанскиот гигнат Милан ова лето направи „бум“ на трансфер пазарот и потроши 230 милиони евра.
„Росонерите“ направија комплетна реконструкција на тимот, донесоа 11 нови играчи, но не мислат да застанат и веќе работат на нови засилувања кои би требало да пристигнат во јануари.
Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓
Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан во зимскиот преоден рок сака да донесе две нови засилува, едно во средниот ред и едно во нападот.
Првото засилување би требало да пристигне од Барселона, а станува збор за Рафиња, кој не е задоволен со својот статус во тимот. Бразилецот е комплетно опоравен од повредата на коленото, но Валверде во него гледа само алтернатива и не му дава голема минутажа.
„Мундо Депортиво“ пренесува дека Милан веќе стапил во контакт со Барселона и ќе се обиде во јануари да го донесе на позајмица со право на откуп.
Второто засилување на кое работат „росонерите“ е ѕвездата на Хофенхајм и германски репрезентативец Керем Демирбај. Игра на позиција лево крило и го привлече вниманието на големите клубови со одличните настапи на Купот на конфедерации.